Специјалци го чуваат Митревски, на синдикалците им е забранет влезот во ССМ!

Полицијата не им дозволува да влезат во зградата, претставниците на четирите гранкови синдикати на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кои во петокот како што велат беа „избркани од нелегитимниот претседател Живко Митревски“. Стотина синдикалци од изутрина протестираат пред ССМ, против одлуките на според низ разрешениот претседател Митревски, кого пак го чуваат припадници на ЕБР.

В.д претседателот на четирите синдикати на ССМ, Дарко Димовски е зачуден, зошто полицајците и специјалците не им дозволуваат да влезат во зградата во која се нивните работни простории.

„Полицијата е внатре, а ние сме надвор. Кого штитат? Му порачувам на Живко Митревски дека овој монтиран процес веќе заврши. Ако има некаков документ дека не е разрешен, нека го покаже, јас имам решение дека сум избран за претседател на ССМ. Ние сме тука и нема да се откажеме од нашите права“, изјави Димовски за ЦИВИЛ Медиа.

15942649_10209988138614030_1709702153_o

Состојбите во ССМ почнаа да ескалираат, откако Митревски беше разрешен од должноста, со гласање на претставниците на гранковите синдикати - членки на ССМ. Потоа, Централниот регистар одбиваше да го впише новото раководство на чело со в.д. претседателот Димовски и покрај решението кое во тоа време го издаде Министерството за труд и социјална политика под раководоство на Фросина Ташевска Ременски. Но, во четвртокот, новиот министер од ДУИ го поништи решението, а ноќта спроти Бадник, во пет изутрината, приватно обезбедување изнајмено од Митревски влезе насилно во просториите на Синдикатот, ги избрка синдикалците, кои со денови седеа во холот во зградата, а тројца заедно со Димовски завршија и во болница.

polizazi-protiv-sindikalzi

Иако новиот министер за труд и социјала го поништи решението за смена на Митревски, според четирите гранкови синдикати, кој ќе биде претседател на ССМ, не одредува Министерството, туку Советот на ССМ и единствен легитимен претседател е Дарко Димовски.

„Ги повикуваме членовите на синдикатите, работниците и граѓаните, кои се подготвени да ни дадат поддршка, да дојдат пред зградата на ССМ и да му кажат збогум на Митревски, да му покажат дека местото му е надвор од ССМ и дека власта нема да може уште долго да го држи на апарати и вештачки да го одржува во живот“, стои во соопштението на синдикалците со кое се повикуваат нивните поддржувачи напротест пред зградата на работничкиот дом.

Текст и фото: Дехран Муратов

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW