Околу 500 кумановци побарале лекарска помош во градската болница во изминатите две недели, поради повреди здобиени од пад на лизгавите улици. Во Битола бројот е околу 300 повредени. Над сто граѓани на Кичево, со повреди и скршеници, во изминатиот период се јавиле во кичевската болница. Податоци за престолнината – засега нема.
Но, состојбата во Скопје е исто така, алармантна. Отежнато движењето на сообраќајот, особено во споредните улички, на тротоарите и на пешачките патеки.
Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, упатија апел до скопските општини да го расчистат снегот и мразот од улиците кои се под нивна надлежност. Од претпријатието велат дека поради нерасчистениот терен, изминатиов период комуналните возила немаат пристап до контејнерите за отпад што се поставени во овие улички.