Дерала: Живееме во заробено општество!

„Заробената држава во Македонија не е ниту новост, ниту пак, може некој тоа да го скрие преку медиумска кампања. Тежок бескрупулозен притисок и насилство не можат со ништо да бидат скриени. Меѓутоа, кога ќе се киднапира една држава, откако ќе се заробат сите институции, на сите нивоа на национално и на локално ниво, откако ќе се затворат институциите на образованието, здравството, социјалната правда и сите останати институции кои се важни за пулсирањето на една држава, тогаш, не смее да се застане таму, зашто следниот чекор е луѓето да се убедат дека - така треба. Значи, заробена е државата, но така треба! Откако ќе се зароби општеството, тогаш владеењето е потполно!“, изјави Џабир Дерала на вчерашната панел-дискусија „Стеснување на просторот за дејствување на граѓанското општество“ во организација на  ЦИВИЛ - Центар за слобода.

„Ние сме сведоци дека последните 6-8 години граѓанското општество е супституирано, од она што ние и светот го подразбираме како граѓанско општество, овде го има сé помалку. Поточно, тие што се останати се наречени агенти, злосторници, предавници, се третираат како криминалци... Медиумите се под целосна контрола и се фатени меѓу корумпираните политичари и бизнисот кој е киднапиран...“. рече во своето излагање Дерала, додавајќи: „Бев пријатно изненаден од појавувањето на Архибригада, но уште попријатно бев изненаден од студентските протести кои ни одржаа лекција по демократија“.

„Ние, невладините организации имаме задача да ги збиеме редовите и да покажеме дека ова општество сака демократија, правда и слобода, а не авторитарност, структурно насилство, континуирани изборни измами и политичка корупција која влегла во секоја пора од општеството и од системот... Невладините, иницијативите, активистите, новинарите..., ќе го извлечат ова општество од бездна, се разбира, со поддршка од СЈО“, заклучи Дерала.

Green CIVIL

FREE
VIEW