Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Наумоски: Скопје 2014 е производ на погрешни вредности!

15/02/2017
in Uncategorized
Наумоски: Скопје 2014 е производ на погрешни вредности!
Share on FacebookShare on Twitter

„’Скопје 2014′ е олицетворение на целиот криминал, корупција, национализам, лажна историја… Кога велам дека ‘Скопје 2014’ треба да се урива, мислам на тоа дека не можеме да се справиме со корупцијата и со уништување на јавните простори, без тоа да го забележиме“, рече Никола Наумоски, еден од панелистите во дискусијата „Стеснување на просторот за граѓанско дејствување“, што се одржа вчера во организација на фондацијата „Хајнрих Бел“ – Канцеларија во Сараево и ЦИВИЛ-Центар за слобода. 

„Луѓето, за владеењето на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ велат дека станале ѓаволи пред неколку години и дека безусловената и бескомпромисната власт ги направи, како што вели професорот Ружин, толку забегани, да ја сфатат како тешка дрога. И не може да живеат без неа. Македонската демократија исчезнала во 2008 година,  доказ за тоа се пратеничките меници кои ги потпишуваат пратениците кои доброволно се откажуваат од својот имот ако заминат од партијата додека се пратеници. Што значи, се откажуваат од слободата да бидат пратеници и да гласаат по свое убедување!“, рече активистот Наумоски, еден од основалите на „Плоштад Слобода“

„Законите кои се донесени на брзина се апсурдни и контрадикторни и потоа, товарот паѓа врз законодавецот, Владата или судот. Токму тоа беше и поводот за формирање на Шарената револуција за да уништи непостоечки член од Законот за помилување, потоа, претседателот се направи луд, демек тоа постои, па го повлече… “, потенцираше Наумоски.

„Настрана легислативата, имаме државна администрација која е апарат и е во функција на Партијата и тој апарат не знаеме колкав е. Тој апарат е толку таинствен и толку затворен што дури и истражувачи кога се обидуваат да најдат бројки колку вработени луѓе има во Македонија, тие податоци не се наоѓаат… Инспекторатите се користат исклучиво за рекетирање на политички или економски план. Околу економско рекетирање нема да зборувам, го има тоа и во другите земји, но политичкото рекетирање е толку безобразно во Македонија. Пример – Андреј Жерновски. Може да се казни неговата Општина за користење ‘црно пенкало’ во канцеларија, а имаме министер кој направи хаварија низ Скопје и помина само со прекршочна пријава“, рече Наумоски.

„„Скопје 2014′ не е само физички узурпатор, туку ја крадат и историјата на една држава, тоа е тотално погрешно портретирање на ликот на домаќинот на оваа земја, во очите на гостите и на странците, и е закана за живиот свет, за луѓето, дури и за птиците кои се избркани од централното градско подрачје, зашто се поставени специјални свиречки уреди кои не им дозволуваат на птиците да ги извалкаат спомениците. ‘Скопје 2014’ е олицетворение на се што е погрешно во Македонија, не е само прашање на невкус, на кич, на нецивилизираност, туку е прашање на погрешни вредности, на криминал, на корупција, на милитаризам, на шовинизам, на мразење на жените и на сите различности, и е вистинско злосторство врз овој град..

‘Плоштад Слобода’ и понатаму стои дека можеби не треба да се руши, но многу поважно од било кое менување на закон, правилник или судија, е менување на ликот на Скопје, со што ќе се покаже дека Македонија раскрстила со оваа декада што е зад нас, и дека нема да верува повеќе во неа. Јасно ми е дека некои физички белези нема да може никогаш да се избришат, но покажувањето намера да се пристапи кон тој процес е многу повеќе од обврска на на скопјаните и останатите кои живеат тука!“, дециден е Наумоски.

Tags: кичКорупцијакриминалНикола ГруевскиНикола НаумоскипанелПлоштад СлободаСкопје 2014
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW