Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Новинарите на МПМ утре штрајкуваат, Камчев официјално се повлече, фирмата има нов сопственик!

16/02/2017
in СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Новинарите на МПМ утре штрајкуваат, Камчев официјално се повлече, фирмата има нов сопственик!
Share on FacebookShare on Twitter

Централниот регистар на Република Македонија по пријавата за упис на промена-истапување и пристапување на основач, со пренос на удел на трговското друштво за новинско издавачка дејност и графичко производство „Графички центар“, донесе решение со кое се одобрува пријавата за упис на промена. На веб-сајтот на Централниот регистар е објавено решението од кое може да се види дека од листата сопственици на компанијата се избришани „Орка Холдинг“ (Орце Камчев) и „Интернет груп инвестмент“, а како сопственици фигурираат „Издаваштво Телеграф“ и „Мирекс Плус“ (Срѓан Керим).

Дел од медиумите потенцираа дека во сопственост на ТД „Графички центар“ е и истоимената печатница, една од најголемите во Македонија, и Медиа принт Македонија (МПМ), издавач на трите дневни весници „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“, на порталот „Телеграф“ и на неделникот „Тае Модерна“. Новинарите и вработените на трите дневни весници, најавија штрајк поради доцнење на платите и хонорарите и неизвесната иднина.

За промената на сопствениците, Љубиша Станковиќ, претседателот на Синдикатот на „Утрински весник“, вели дека вработените воопшто не се запознаени.

„Нас никој не не информираше за тоа. Ниту не интересира. Ние стоиме на своите барања“, одговори Стнковиќ, за ЦИВИЛ Медиа.

Утре ќе се одржи закажниот протест на новинарите од „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“, кои сè уште не ги добиле јануарските плати.

„Им дадовме плус 15 дена време за медијација, но менаџментот остана глув на нашите барања. Утре и во недела, протестот ќе трае по 4 часа. Весниците и понатаму ќе излегуваат. Доколку не ни се исплатат јануарските плати, од понеделник протестот ќе трае по 6 часа дневно“, изјави Станковиќ за ЦИВИЛ Медиа.

 

 

Tags: ВестДневникЉубиша СтанковиќМПМОрка ХолдингУтрински весникЦентрален регистерштрајк
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW