Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Стеснување на просторот за дејствување на граѓанското општество

14/02/2017
in СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Стеснување на просторот за дејствување на граѓанското општество
Share on FacebookShare on Twitter

Презентација на публикацијата „Shrinking Spaces in the Western Balkans“ („Стеснување на просторот на Западниот Балкан“) и панел-дискусија на тема „Стеснување на просторот за дејствување на граѓанското општество“, во организација на Фондацијата „Хајнрих Бел“– Канцеларијата во Сараево и на ЦИВИЛ – Центар за слобода, се одржа денеска во скопскиот хотел „Парк Резиденс“.

„На крајот од 80-те и почетокот на 90-те години, на минатиот век, либертијанските и демократски трендови и принципите на слобода и самоопределување доживеаја историски триумф, за четврт век подоцна, да им го заземаат местото или поточно, да се враќаат анти-либералните и автократски тенденции. Споменатите тенденции, особено се манифестираат на периферијата на Европа, во кревката структура на Западен Балкан, каде инструментите на државната репресија се сосем комплексни: новинарите се заплашувани, а научниците кои не ја следат партиската линија се дискредитирани и маргинализирани“, пишува во воведот на публикацијата, „Shrinking Spaces in the Western Balkans“, директорката на сараевската Канцеларија на Фондацијата „Хајнрих Бел“, госпоѓа Марион Краске.

„Фокусот на нашата работа е граѓанското општество, затоа што е главен столб во јасна и здрава демократија и круцијален коректив на патот на воспоставување на демократијата.  Актерите во граѓанското општество сé повеќе се под напад, просторот им е ограничен и се стеснува. Во публикацијата собравме примери од повеќе држави од регионот во различни области на ограничување на цивилното општество. Во држави кои се или се стремат во Европа, сакаме да видиме поинаков пристап кон претставниците на граѓанското општество“, истакна Каске на денешната промоција.

Текстовите во публикацијата „Shrinking Spaces in the Western Balkans“, во издание на Фондацијата „Хајнрих Бел“, го имаат за тема глобалниот феномен на стеснување на просторот за дејствување на актерите на граѓанското општество. „Заробено општество“, „Окупација на јавниот простор“,„Јавниот простор ни припаѓа нам“, „Популизмот и криминалот како модел на македонскиот политички систем“, „Босански блуз: култура, притисок, задушување“, „Медиумите и јавниот простор во демократијата“, се дел од насловите на текстовите на 16 авторки и автори, познати новинари, активисти и академски работници од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Хрватска.

На панел-дискусијата „Стеснување на просторот за дејствување на граѓанското општество“, која следеше по презентацијата, учествуваа професорот Нано Ружин, и активистите Никола Наумоски, Славчо Димитров и Џабир Дерала, а модератор беше новинарката Моника Талеска.

Нано Ружин

„Постојат 14 карактеристики, од кои доволно е еден политичар да поседува четири синдроми, за да може да кажеме дека го има ‘Синдромот Хибрис’. Нарцисоидно инклинирање, мегаломански градби, наклоност кон прекумерно промовирање на сопственото его, придавање месијански толкувања на историски и тековни работи, само идентификување со нација и толпа, тенденција да се зборува за себе во трето лице, строга доверба во сопственото расудување и неприфаќање на критики, медиумска присутност во сите сфери, единствено е одговорен пред судот на историјата, убеден дека судот е на негова страна, губење контакт со реалноста – самоизолирање, агитација, импулсивност и закана, придава значење на визија на толпата и бара толпата да не се секира за цената на проектот, бидејќи тој е пастирот, и одбегнување на одговорност и спинување“, рече професорот Ружин

Џабир Дерала

Претседателот на ЦИВИЛ-Центар за слобода, Џабир Дерала, зборуваше за идентификувањето на „заробената држава“ и „заробеното општество“: „Забележуваме сериозни новини во тоа како се третира една држава и едно општество. Ние лесно можеме да дефинираме, идентификуваме сé што се однесува на заробена држава. Тоа не може да се скрие ниту со медиумска кампања, ниту со тежок притисок. Државата е заробена, но во тоа треба и да се убедат граѓан(к)ите. За тоа да се оствари, треба да се зароби и општеството, тогаш владеењето е потполно. Граѓанското општество е тоа кое ќе го извлече општеството од бездната во која се наоѓаме, со поддршка од единствената институција во која можеме да имаме доверба, а тоа е СЈО“.

Никола Наумоски

„Македонската демократија исчезнала во 2008,  доказ за тоа се пратеничките меници кои ги потпишуваат пратениците кои доброволно се откажуваат од својот имот, доколку заминат од партијата додека се пратеници. Што значи, се откажуваат од слободата да бидат пратеници кои гласаат по својствено убедување! Затоа, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаат како им наредува партијата.  60% од законите донесени во време на ВМРО-ДПМНЕ не се дискутирале во парламентот и се донесени по итна постапка“, потенцираше Никола Наумоски, основач на „Плоштад Слобода“.

Славчо Димитров

„Нужност од другоста како клучен елемент за преосмислување и критика на секоја власт која има потенција да стане тоталитарна, насилна и исклучувачка. Другоста како нужност за замислување на слободата. Сите сме непријатели на државата, претставуваме закана и сите клеветиме кај меѓународната заедница… Нашата ранливост не можат да ја покријат мегаломанските градби и големиот број на страниците од интервјуто на Никола Груевски“, смета граѓанскиот активист Славчо Димитров.

.

Tags: граѓанско општествоМарион КраскеМоника ТалескаНано РужинНикола НаумоскипанелпрезентацијаПубликацијаСлавчо ДимитровХајнрих БелЦивилЏабир Дерала
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW