Според стапката на невработеност, Македонија е едно место пред Лесото!

Македонија се најде меѓу дваесетте земји со најголема невработеност во светот, според листата на Тrading Еconomics.  Листата е составена врз основа на последните податоци од Светската банка.

Прва на листата на невработеност е африканската држава Џибути со 54 отсто од населението, потоа следуваат Конго со 46,1 процент, и Босна и Херцеговина со 41,87 проценти.

Во првите 20 земји со најголема невработеност, се главно африкански земји, но и четири земји од Балканот! Покрај Македонија, која е на 15-тото место на листата, со стапка на невработеност од 23,4 отсто, на „црниот список“, се наоѓаат и Косово на 6-то место - со 33,9 отсто и Црна Гора на 18-то место, со 22,5 отсто невработеност.

Единствената земја од Европската унија која се наоѓа на листата е Грција (16), со стапка на невработеност од 23 проценти.

Земји со највисока стапка на невработеност во светот, изразена во проценти:

  1. Џибути 54
  2. Конго 46,
  3. Босна и Херцеговина 41,87
    4. Авганистан 40
    5. Кенија 40
    6. Косово 32,9...
    13. Палестина 25,70
    14. Лесото 25,30
    15. Македонија 23,40
    16. Грција 23
    17. Екваторијална Гвинеја 22,30
    18. Црна Гора 22,05
    19. Гвајана 21,00
    20. Габон 20,30
Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW