ЦИВИЛ Медиа разговараше со Пеце Грујовски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), за актуелните состојбите во македонските синдикати, за причните зошто сите синдикални лидери досега, како по дефинија биле и се блиски до власта. Грујовски е со оценка дека сѐ додека граѓаните не се обединат, синдикатите нема да успеваат во преговорите пред властите, а работничките права ќе бидат и натаму тешко остварливи.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=c2Po4f0EJpI[/embedyt]
„Чест на исклучоците, но за Македонија држи место формулацијата дека нема синдикати коишто се залагаат за работничките права! Секој сака да биде близок до власта, поради свои лични интереси, па дури и на пониско ниво, синдикалните претседатели, синдикалните претставници, често настојуваат да бидат поблиски до директорот, за да решат некои свои прашања или евентуално, да му служат, или да остават некој ‘уметнички впечаток’ дека се тие лојални кон директорот, а не кон работниците. Се додека имаме поданички однос кон работодавецот, додека синдикалните лидери не се наметнат како вистински социјални партнери и додека членството го толерира таквото нивно однесување и не реагира да ги промени, ќе имаме вакво организирање на синдикатите“, вели Грујовски.
Говорејќи од позиција на претседател на синдикатот на УПОЗ, тој потенцира дека во Македонија практично не се почитува Уставот, ниту законите за работни односи и судска служба.
„Во ваква констелација, не може да се остварат работничките права. Но, во оваа битка што ја водиме со судската власт, синдикатот на УПОЗ е апсолутен морален победник. Минатиот месец беше најавено зголемување на додатоците од плата, односно за она што боревме во штрајкот во мај и јуни минатата година. Иако власта не сака да чуе, за можностите за остварување на вакво право, сега се обиде да го имплементира Законот за платите на судиите, па одлучија зголемувањето да биде еднакво и за судиите и за судската служба“, потенцира првиот синдикалец на УПОЗ.
„Синдикалното движење коешто во Македонија има 27-годишна традиција, наместо да се развива по нагорна линија, сметам дека е на најниско ниво на организирање. Прво, синдикатите се раздвоени, фигурираат многу мали синдикати и синдикални организации, опстојуваат на синдикалната сцена,а се занимаваат со сѐ, само не со синдикална активност“, заклучува Грујовски.
Новинар и камера: Моника Талеска
Монтажа: Ермин Климента
[divide]
Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Цел на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.