Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Протест на родителите на деца со посебни потреби

20/04/2017
in АКТУЕЛНО
Протест на родителите на деца со посебни потреби
Share on FacebookShare on Twitter

Претставник на обезбедувањето на Град Скопје, се обидел да го скине знамето „Сплотени срца“, поставено пред шаторите во „Жена Парк“, каде група родители и деца со посебни протести, од денеска се на протест за поголеми права и за нова законска регулатива.

„Истиот човек урна еден шатор и продолжи кон вториот, во којшто се наоѓаше дете со Даунов синдром. Побаравме полициска интервенција, со цел да го спречиме ова вандалско однесување. Од полицијата дознавме дека тоа лице е дел од обезбедувањето на Град Скопје“, реагираа присутните.

Како што тврдат од „Сплотени срца“, протестот е пријавен во МВР на 12 април, во 15.58 минути.

„Според тоа, ова е обид да ни вршат притисок, за да не одвратат од намерата. Не знам како поинаку да го толкуваме овој инцидент што го предизвика тоа лице. Ние овде не сме ниту партиски, ниту политички ангажирани, туку самоинцијативно бараме да се изгласа законска регулатива и да ни се обезбедат и нам, на семејствата со деца со посебни потреби понормални услови за живот“, категоричен е Зоран Мијалков, претседател на здружението „Сплотени срца“.

Преку 3.000 семејства членови на ова здружение, бараат да се донесе нов закон за децата со посебни потреби и сет мерки, коишто опфаќаат институционална грижа, правилна дијагностика, едуцирани кадри за лекување и соодветена терапија во подобри установи, секако и бенефити за семејствата што ќе овозможат повисок стандард и поквалитетна грижа за децата.

„Бараме Собранието итно да ги усвои нашите барања,зашто ние сме оставени на маргините во општеството. Во нашето здружение членуваат над 3.000 семејства, а Фејсбук групата има преку 15.000 поддржувачи. Не смеат и натаму да го игнорираат нашиот крик“, вели Мијалков.

Тој низ својата лична драма ни ја пренесе приказната на семејствата што се соочуваат со овие проблеми.

„Само јас сум вработен, во градската библиотека во Штип. Сопругата Дивна е целосно посветена на нашите две деца со посебни потреби. Мојата плата е 19.000 денари, а надоместокот за едното дете – 4.300 денари. Но, ние не можеме да врземе крај со крај, среќа е што имаме пари за леб до следниот месец. Нема зборови што може да ја опишат нашата несреќа, која се должи на негрижата на општеството“, додава Мијалков.

Протестот што започна денеска во 9 часот, според најавите ќе трае до понеделник до 17 часот.

Текст: Моника Талеска

Фотографија: Марија Теговска

Tags: Град Скопједеца со посебни потребиЗоран Мијалковинцидентнова владаПротестСобраниеСплотени срца
CIVICA
govor
CIVICA
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW