Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Големите проблеми на „малиот човек“ заслужуваат видливост и итни решенија!

22/05/2017
in АКТУЕЛНО
Големите проблеми на „малиот човек“ заслужуваат видливост и итни решенија!
Share on FacebookShare on Twitter

Додека нашата јавност е преокупирана со политичките аспекти на општествената криза која нè тресе со години, Македонија умира, на секој чекор, со забрзани чекори. Тоа е страотната слика, која што можевме да ја забележиме последниве неколку недели, додека со колегите од ЦИВИЛ – Центар за слобода повторно ја крстосуваме земјата со проектот „Општество без граници“, промовирајќи ја глобалната Граѓанска повелба и охрабрувајќи ги граѓан(к)ите да бидат погласни за нивните проблеми и да се вклучат поактивно во нивното решавање.

Пишува: Петрит Сарачини

Деградирањето на животна средина и секојдневните сериозни закани за здравјето и животот на луѓето се шират како канцер и метастазираат насекаде. Загаден воздух и индустрија која ги труе граѓаните, диви депонии, неконтролирано и организирано сечење на шумите, свлечишта и ризици од поплави, недостаток на елементарна инфраструктура, голема сиромаштија и безработица која влијае на сите аспекти на квалитетот на животот, вклучувајќи ја и околината…

Во Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Ресен, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци, Штип, Пробиштип…, низ цела Македонија, проблемите се бројни, а властите прават многу малку или речиси ништо за нивно решавање.

И, за жал, овие директни и непосредни закани за животот и здравјето на луѓето, ретко добиваат видливост во јавноста, особено на националните медиуми. Или, главно се молчи за нив и се игнорираат како неважни и не приоритетни, или пак, за нив дознаваме тогаш, кога ќе дојде „нож до коска“, кога револтот и гневот на граѓаните ќе се излее на улиците, преку граѓанските иницијативи и активисти, или при директни посети во овие средини.

Па така, ќе дознаете дека освен граѓаните на Тетово и на Струга, проблем со депонирањето на отпадот имаат и граѓаните во Пробиштип, во Битола, во речиси секој град! Слична е и состојбата со дивото сечење на шумите, честопати спроведувано во организирана спрега со која се „задоволува“ голиот опстанок на социјално загрозените категории граѓани – во замена за нивниот глас.
Овие страшни работи ретко ги интересираат големите медиумски куќи од Скопје. Луѓето во овие локални средини се оставени речиси сами, на милост и немилост на локалните партиски шерифи и насилници, на немилосрдните бизнисмени и индустријалци кои ги третираат нивните вработени речиси како во средниот век, а животната средина уште полошо… Колку е помала средината, толку се поцврсти и побрутални и стегите, притисоците, заканите и уценувањето на граѓаните. Изборот, во една таква атмосфера, е да се замине што подалеку од таквата недостоинствена живеачка…

Единаесетте години на автократијата на Груевски се пред крај. Новата власт ќе наследи купишта проблеми, разурнат систем и институции, и многу малку функционални капацитети за отпочнување на справувањето со тешката состојба. Во таков контекст, голема е веројатноста овие проблеми на локалните заедници, на помалите средини, на деловите на земјата вон главниот град, да останат подолу на скалилото на приоритетите.

Се разбира, тоа не смее да биде така! Па зарем, има нешто поважно од нашиот живот, од воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме, храната што ја консумираме, основните услови и инфраструктура која е неопходна за воопшто да живееме, да функционираме и да придонесуваме за нашето општество? Зарем можеме воопшто да водиме политика, да се расправаме и спориме за нашата иднина, за нашите идеолошки, етнички, верски разлики, за функционирањето на државата еднакво за сите граѓани, ако немаме сите еднакви услови за живот, а некои од нас се под постојана закана за нивното здравје, опстанок, елементарно човечко достоинство?
Затоа, секојдневните проблеми на „малиот човек“ не смеат да останат заборавени, игнорирани, потиснати од „големите теми“. Напротив, тие проблеми се навистина големи и подеднакво важни, тие се во коренот и темелот на нашата катастрофална состојба, и без нивно решавање, паралелно и истовремено со институционалното заздравување на државата, никогаш нема да дојдеме до вистинска шанса за подобар живот, за сите нас.

Затоа, мораме да бидеме гласни, и како граѓани и како јавност, и да создадеме доволен и постојан притисок, за овие предизвици да бидат постојано дискутирани на масите на кои се носат одлуките, секако со присуство и суштинско учество и на граѓаните. Маките на луѓето ширум Македонија, оние за кои ретко се дискутира во „дневната политика“ се вистински, опипливи, тешки, опасни, и заслужуваат решенија.

Веднаш!

[divide]

Колумната е дел од проектот Општество без граници, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: „нож до коска“Веднаш!видливост и решенијаголемите проблеми на „малиот“ човекотпадреволт
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW