Ненад Јовановиќ, граѓански активист од Кавадарци, во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, потенцира дека на локално ниво се потребни повеќе граѓански организации што би дејствувале и би се бореле за артикулација и анимирање на повеќе проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Според него, кога станува збор за социјална правда, заштита на работничките права и узурпацијата на јавниот простор, и на локално ниво важат истите правила од „големата слика“ на национално ниво.
„Социјална правда во Македонија не постои! Тоа во превод значи, мала група на луѓе се богатеше, додека 95% од луѓето ужасно осиромашуваа по разни основи. Социјална правда не е само правда на некакви богатства, пари, некоја материјална корист, туку таа е и хуманизам, правичност, работна застапеност…“, ни изјави Јовановиќ.
Тој смета дека социјална состојба во Македонија е резултат на авторитарниот популизам што ја узурпира целата држава и сите институции и јавни добра за лична корист на група луѓе.
Како пример за состојба со работничките права во Кавадарци, Јовановиќ ја истакна странската инвестиција „Дрекслмаер“ и односот кон работниците, тврдејќи дека работат и за 9.400 денари, со проблеми на работното место, беа адекватна опрема…
Споредувајќи ја ситуацијата со главниот град и со узурпацијата на јавниот простор со проектот „Скопје 2014“, Јовановиќ рече: „Реално, во Кавадарци нема узурпација на јавниот простор, како било пред десет години, така е и сега. Моја лична болка е што ги исекоа сите дрва од Домот на културата па надолу, по целата улица…“
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска