ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска во скопската Стара чаршија, кај Универзитетот на Југоисточна Европа, ја промовираше Граѓанската повелба – глобален документ за унапредување на човековите права и за активно учество на граѓан(к)ите во процесите на одлучување, на национално и локално ниво.
Граѓанките и граѓаните се потпишуваа на петицијата за поголемо граѓанско учество во донесувањето на одлуки за прашањата кои ги засегаат, а учествуваа и во фото и видео-петицијата, како дел од проектот „Општество без граници“.
„Ова што ЦИВИЛ сега го прави, го имаше во времето на Југославија. Во тоа време, граѓан(к)ите одлучуваа за сите работи, а не политичарите“, ни изјави еден од потписниците, пред инфо-штандот на ЦИВИЛ.