Дел од скопските таксисти се собраа пред Владата за да побараат подобри услови за работа од надлежните институции. Како што известува граѓанскиот новинар, таксистите од Асоцијацијата на легални таксисти барааат повлекување на одлуката за поскапување на осигурувањето на возилата, ако некој од автомобилите во една компанија има сообраќајна несреќа, а бараат и сертификатот за познавање на англискиот јазик да не биде задолжителен, како и да не се воведуваат фискални каси.
Учесниците во протестот се заканија дека ако не им бидат исполнети барањата во рок од седум дена, ќе организираат генерален штрајк. Дел од возачите вчера потенцираа и дека казните за сообраќајните прекршоци треба да се пониски.
Дел од таксистите кои не сакале да зборуваат пред камера, на граѓанскиот новинар му изјавиле и дека не се против фискализација, но дека им е прескапо воведувањето апарати.
Вулнет Махмути