Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Ревидирање на Национална стратегија за млади и реформирање на Агенцијата за млади и спорт!

25/05/2017
in АКТУЕЛНО
Ревидирање на Национална стратегија за млади и реформирање на Агенцијата за млади и спорт!
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), испрати листа на барања до новата влада. Барањата се однесуваат на подобрување на позицијата на младите во општеството, како и на начинот на кој младите од Македонија се претставени во земјата и во меѓународните организации за млади.

НМСМ бара признавање на нивната граѓанска организација, што претставува чадор-организација на повеќе од 50 младински здруженија, како единствено претставничко тело на младите. НМСМ бара и определување на средства од Буџетот за поддршка на НМСМ, ревидирање на спорната Национална стратегија за млади, ревидирање и реформирање на Агенцијата за млади и спорт, структурна консултација со НМСМ за сите прашања и политики поврзани со младите и поништување и повторување на изборот за младински претставник од Македонија на Регионална канцеларија за меѓународна соработка (РИКО).

Националната стратегија за млади, беше донесена пред повеќе од една година и тогаш беше критикувана од НМСМ. Според НМСМ, процесот на подготвување на Националната стратегија за млади, не беше инклузивен и не ги вклучил нивните препораки.

Што се однесува на изборот на претставник во РИКО, посочени беа поголем број на пропусти, особено во делот каде на младите не им беше овозможено транспарентно да предложат свој претставник, иако тоа е предвидено во процедурата која ја следат останатите држави-членки.

„Нетранспарентноста и непрофесионалниот однос од Агенцијата за млади и спорт го кочат изборот на младински претставник за РИКО. За таа цел, НМСМ апелира институциите да дозволат младите да изберат свој младински претставник за Регионалната канцеларија за младинска соработка“, беше ставот на НМСМ во текот на целиот процес. Заложбите на НМСМ не вродија со плод и младите во Македонија, „благодарение“ на АМС, по втор пат, останаа без свој легитимен претставник во Управниот одбор на РИКО. Денес, младите од Македонија во РИКО ги претставува Бојана Наумовска, вработена  во Собранието на Македонија, како советничка на пратеничка група.

Од НМСМ очекуваат новата влада да одговори позитивно на нивните барања и со тоа да придонесат кон подобрување на улогата на младите во Македонија. „ Очекувам отвореност и транспарентност кон граѓанските организации и нивно активно вклучување во креирање на политиките“, вели Блажен Малески од НМСМ.

Tags: АМСбуџетВладамладиНМСМРИКО
CIVICA
govor
CIVICA
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW