Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ССНМ ја осуди хајката против „Слободен печат“

09/05/2017
in АНАЛИЗИ
ССНМ ја осуди хајката против „Слободен печат“
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) ја осуди хајката од синхронизирани напади на белградскиот весник „Информер“ врз македонскиот дневен весник „Слободен печат“ што на македонскиот медиумски пазар е етаблиран како балансиран и независен медиум кој не е под влијание на власта.

„Станува збор за хајка којашто промовира политичка, национална и верска нетрпеливост и омраза и со тоа го изложува медиумот и неговите вработени на притисок и вербално насилство. ССНМ останува посветен на борбата за медиуми со независна уредувачката политика, затоа што само во такви редакции воопшто може да се практицира слободно, одговорно и професионално новинарство, коешто е неопходно за деконтаминација на медиумскиот простор, окупиран од пропаганда“, реагира ССНМ.

Редакција на „Слободен печат“вчера се обрати до новинарските здруженија и меѓународните дипломатски претставништва во Скопје, со повик за поддршка за слободното известување и за уредувачката автономија, со тврдење дека весникот бил „жестоко нападнат од печатеното и дигиталното издание на белградскиот весник ‘Информер’ и од пропагандата на Никола Груевски“.

„На насловната страница на белградскиот дневен весник ‘Информер’, познат по ширење национална и верска нетрпеливост и омраза, денеска е објавен текст за наводно спорно финансирање на ‘Слободен печат’. Освен тоа, на насловната страница и во текст објавен во печатеното и во дигиталното издание на весникот, сопственикот на нашата компанија се обвинува дека е предавник, поради слободната уредувачка политика што ја ужива најтиражниот македонски дневен весник ‘Слободен печат’. Истиот текст е преземен од македонските портали ‘Курир’ и ‘Република’, медиуми коиштп се под директна контрола на Никола Груевски, со цел да се дискредитира нашата компанија и да се изврши притисок врз уредништвото на нашиот независен медиум, врз којшто подолго време се врши и сериозен економски притисок. Денешниот напад очигледно е последица на медиумската оска на релација Белград – Скопје, која има за цел гушење на слободата на медиумите, пласирање лажни вести и измислени ‘сценарија’ “, стои меѓу другото во редакциското соопштение потпишано од главниот и одговорен уредник, Бранко Геровски.

М. Талеска

Tags: „Информер“„Слободен печат“Бранко ГеровскиВМРО-ДПМНЕзаканимедиумска хајкаНикола ГруевскиподдршкапритисоциССНМуредувачка автономија
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW