Светлана Станојковска, дипломиран биолог, претседател на еколошко здружение „Еко фемина“ од Пробиштип, за ЦИВИЛ Медиа зборува за загадувањето на почвата и за изградбата и проширувањето на тешката индустрија во и околу градот.
„Пробиштип се соочува со еден вид на загадување каде имаме тешка зона на тешка индустрија на половина километар од градот, каде во моментов се гради челичарница, а веќе се најавуваат и други проекти од тешката индустрија. Овие проекти навистина ќе придонесат за уште поголемо загадување“, ни изјави Станојковска.
Во однос на антиеколошката кампања која е во тек, Станојковска вели дека граѓаните не смеат да се залажуваат со флоскулата дека „мора да има загадување за да има вработување“.
„Граѓаните се неинформирани и не знаат што значи тоа влијание на тешките метали врз организмот. Последиците се многу големи и далекусежни“, вели Станојковска.
Новинар и монтажа: Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
[divide]
Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.