ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска го претстави проектот „Општество без граници“ во Тетово. На инфо-штандот тетовчанки и тетовчани се запознаа со „Граѓанската повелба“ – глобален документ за унапредување на граѓанските права и активното учество на граѓан(к)ите во процесот на одлучување.
Сите заинтересирани граѓанки и граѓани на Тетово имаа можност да ја потпишат петицијата за поддршка на „Граѓанската повелба“ и да ја поддржат преку фото или видео петиција.
Покрај активностите со граѓаните и прес-конференција за локалните медиуми, тимот на ЦИВИЛ оствари средби со повеќе граѓански организации од Тетово на кои се разговараше за заедничка промоција и поддршка на Повелбата.
Проектот „Општество без граници“, ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата „Heinrich Böll“ – канцеларија Сараево.