Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Во Пробиштип се кршат основните човекови права на текстилните работнички!

23/05/2017
in АНАЛИЗИ
Во Пробиштип се кршат основните човекови права на текстилните работнички!
Share on FacebookShare on Twitter

Кршење на основните човекови права, бубашваби, прашина, два тоалета и една чешма за 250 жени, една хигиеничарка, јадење на машина, прекувремени работни часови кои не се плаќаат, немање право на избор, работни недели и празници без чекирање, без хранарина, плати под минималецот утврден со закон, колективен работен одмор со сметани и празници и викенди, неплатено боледување, мобинг, уцени и норми кои практично се невозможни да се исполнат…, се само еден мал дел од проблемите со кои се соочуваат текстилните работнички во Пробиштип.

Нашата соговорничка Силвана Пеншова, текстилна работничка од Пробиштип, пред камерите на ЦИВИЛ Медиа, зборува за своето искуство и животот поминат над машините за шиење.

„Деновите кога сме на боледување ни се сметаат како денови кои не сме ги одработиле! Немаме боледување. Сето она што ќе го заработиме над 10.800 денари, се плаќа во кеш. Исто така, во кеш се плаќаа прекувремените часови и неделите. Дури бевме условени да имаме редовна работна недела ако сакаме да земеме бонус за редовност. Цело време сме под притисок со ненормални норми. Ако некогаш било норма да се сошијат 30-40-50 парчиња, сега веќе се 300 парчиња, што, верувајте, практично е невозможно да се сошијат!“, вели Пеншова.

На прашањето дали имаат соодветна заштита, каде можат да се обратат за помош, и што е со инспекциските служби, Пеншова вели дека иако собрала храброст да побара помош, таа не ѝ била дадена.

„Инспекцијата доаѓа во конфекција да изврши инспекциски надзор, 15 минути пред 15 часот, а истакнато работно време е до 14 или 14:30 часот. Ќе се прошета до канцеларијата на работодавецот и ќе си замине. Нема никаква комуникација со вработените“, вели Пеншова.

Иако законот ја гарантира нивната анонимност, Пеншова вели дека има многу случаи кога вработениот уште не стигнал до дома, а работодавецот знае дека тој поднел пријава до инспекциските служби.

„Досега не сум слушнала дека било кој од работодавците добил некакви санкции. Неколку од конфекциите се наоѓаат во дворот на канцеларијата на Трудовата инспекција, таа гледа кога одиме на работа и кога излегуваме од работа. Мислам дека е ред да дојде еднаш во сабота или недела и да види што се случува со нас“, изјави Пеншова.

 

Новинар и монтажа: Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Горан Наумовски


Разговорот/сведоштвото е дел од проектот Општество без граници, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: Пробиштипработнички правасоцијална правдатекстилна индустријатекстилни работницичовекови права
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW