Бесплатни правни совети за лица од ранливи и маргинализирани групи

Во рамки на концептот „Заедничка рамка за правно зајакнување“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, ќе функционира Правна клиника за ранливи групи.

Студентите на скопскиот Правен факултет „Јустинијан Први“, под менторство на професорите д-р Борче Давитковски, д-р Ана Павловска Данева, д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, д-р Неда Здравева, д-р Дивна Илиќ Димовски, д-р Тодор Каламатиев и д-р Александар Ристовски, ќе даваат бесплатни правни совети и информации на лица од ранливи и маргинализирани групи - во остварување на правата од социјална заштита, здравствена заштита, права на ранливи категории потрошувачи, права на членови на семејства на притворени и затворени лица, како и оценка на можноста за барање правна заштита пред Народниот правобранител.
Правната клиника за ранливи групи ќе биде од наставата на факултетот, а работата на клиниката ќе ги зајакне практичните способности на студентите и на наставниот кадар за работа со ранливите за решавање на нивните правни проблеми и за градење на институционални капацитети за унапредување на механизмите за правна поддршка на ранливите групи.
Правната клиника ќе функционира со финансиска поддршка на Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија.

 

Green CIVIL

FREE
VIEW