Education Blog
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Дел од вработените во „Македонска пошта“ се револтирани од односот на раководството и на синдикатите

16/06/2017
in АКТУЕЛНО
Дел од вработените во „Македонска пошта“ се револтирани од односот на раководството и на синдикатите
Share on FacebookShare on Twitter

АД „Македонска пошта“ им испратила писмо на вработените, потпишано од генералниот директор Фадис Реџепи и од синдикалните челници Марјан Вета и Боро Велигденов, поради поднесените тужби од вработените за неисплатен регрес за годишен одмор за изминатите пет години, кои имаат „негативен ефект врз финансиската стабилност“ на друштвото кое е во државна сопственост.

На оваа обраќање, дел од вработените гледаат како на своевидна уцена од раководството, посебно што во прилог е доставена и бланко-изјава (полномошно), со чие потпишување, вработените ги овластуваат главниот повереник и претседателот на двете репрезентативни синдикални организации кои функционираат во „Македонска пошта“, во нивно име понатаму да преговараат со Управниот одбор и да ги преземаат сите правни дејствија за поднесување на тужба против „Македонска пошта“ за исплата на регрес за годишен одмор за 2014 и 2015 (понудени се по 6.000 денари нето годишно, во три, а најмногу пет рати „согласно финансиските можности на АД „Македонски пошти“), но и се обврзуваат дека по остварување на правото преку синдикатите, се откажуваат од сите понатамошни побарувања кон работодавачот АД „Македонска пошта“!

Заклучно со месец април 2017, поднесени се 516 тужби од вработените за регрес за изминатите години, а по однос на само 156 од нив, исплатени се 10.275.000 денари, од кои 4. 156.000 (над 40%) за судски и адвокатски трошоци. Во писмото до вработените директорот и синдикалците тврдат дека бројот на тужбите продолжил да расте, дека со тужбите и адвокатските и судските трошоци е загрозена финансиската стабилност на АД „Македонски пошти“, „со рефлексија за неможност на навремена исплата на платите на вработените, обврските кон добавувачите…“

Затоа, Управниот одбор, во договор со синдикатите донесува одлука регресот за годишен одмор за 2017 да се исплати во висина од 6.000 денари (50% од предвидената сума од 12.000), без спомнување на исплатата за претходните години, особено по основ на останатите поднесени тужби.

„Ве повикуваме јавно да ја прифатите понудата на раководството на Пошта дадена во соработка со двете синдикални организации, за доброто на Пошта и сите вас“, се вели во писмото упатено до вработените од генералниот директор Фадис Реџепи и од Марјан Вета и Боро Велигденов како претставници на синдикатите.

Дел од вработените кои ја контактираа ЦИВИЛ Медиа се револтирани од ваквиот третман и најавуваат дека иако се загрижени за финансиската стабилност на фирмата во која работат и за својата иднина, немаат намера да ја потпишат изјавата и за „доброто на Пошта“ да се откажат од средствата кои им следуваат.

Биљана Јордановска

 

Tags: Македонски поштиработнички праварегрессиндикатитужбиуцена
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW