„Одржливо општество не е само заштита на животната средина. Не е само заштита на животните, не е само козервирање на некое парче природа. Се разбира дека не е ни лудачко сечење на дрва, а потоа, прогласување на милионски Ден на дрвото. Одржливо општество подразбира и општествените услови и односи да се менуваат во полза на ресурсите, одржливо општество е каде владее социјална правда…“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, организатор на конференцијата „Општество без граници“, на која, како завршен настан на истоимениот проект, учествуваа граѓански активисти, политичари, синдикалци, дипломати…
Во своето обраќање, Дерала истакна дека по долгогодишниот режим, очекува Македонија полека да зачекори кон една состојба во која социјалната правда ќе стане дел од нашето општествено и политичко живеење, нешто реално, нешто секојдневно…
Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента