Education Blog
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Нови протести или датум за референдум

28/06/2017
in АКТУЕЛНО
Нови протести или датум за референдум
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата „Спас за Валандово“ излезе со соопштение со кое ги информира граѓаните на Општина Валандово за присуството на нивни претставници на двата собира, организирани од месните заедници Пирава и Јосифово, а на кои лица од фирмата-инвеститор „Сардич МЦ“ ги презентирале процесите кои се претпоставува дека ќе се спроведуваат во рударскиот комплекс “Казандол”.

Активистите најавуваат нови протести доколку следната недела Советот на Општина Валандово не се произнесе за референдумското прашање, а воедно ја повикуваат локалната власт да одговори зошто се одолговлекува целиот процес и која е нивната цел – од една страна, со организирање собири на кои инвеститорот се промовира, а од друга страна, наводно, локалните власти немаат време да присуствуваат на собирите каде се укажува на последиците од евентуално отварање на рудник. Активистите прашуваат зошто сè уште не е распишан референдум, со оглед на исполнетите законски барања од Иницијативата.

„Советот требаше првично, во рок од 20 дена од седницата на 27 април, да повика еминентни и независни експерти од различни области, за да ги оценат процесите и дали и како би имало ризик по здравјето на жителите и последицци по животната средина. Поминаа веќе два месеца а тоа не е сторено од нивна страна“, стои во соопштението во кое активистите потсетуваат дека се обезбедени услови за распишување на референдум со 2.213 потписи на граѓаните, со што тие заслужваат можност самите да одлучат дали се за или против отворање на рудници во Валандово.

На информативните собири на инвеститорот, се тврди дека граѓаните се безбедни и дека инвестицијата нема штетно вилјание по здравјето и животната средина.

 

Tags: локална властПротестиреферендумсоопштениеСпас за Валандово
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW