Граѓанската иницијатива „Доста“ од Струга, најави нов протест во четврток (на 15 јуни), овој пат наменет за институциите.
„Само со одговорни институции, одговорни индивидуи и одговорно однесување може да придонесeме кон решение за проблемот со струшката дива депонија и идно превенирање од вакви слични појави. Ве повикуваме сите на протест за одговорност за загадувањето, во четврток пред Општина Струга и Основното јавно обвинителство Струга (Основен Суд). Збирно место – паркинг пред Центарот за управување со кризи (зграда на Народна одбрана) во 12,00 часот“, стои во повикот.
Иницијаторите истакнаа дека претходниот нивен протест полека вродува со плод. Пред три четири дена, претставници на „Доста“ се сретнаа со министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, кој им ветил дека Владата уште на почетокот на наредна недела ќе превземе конкретни активности за решавање на проблемот.