Општина Богданци го повлече решението за рудникот во Казандол

Успешниот референдум во Богданци каде 60,78%, или 4.205 од вкупно 6.918 регистрирани гласачи во Општината, рекоа - НЕ за рудниците, резултираше со  повлекување на одобрението на Општината дадено за рудникот  во Казандол.

Одлуката на Советот на Општина Богданци е испратена до сите надлежни министерства, а од граѓанските здруженија се апелира  Владата да се изјасни во најкраток можен рок.

Инвеститорите се револтирани, додека во Валандово на јавни собири ги убедуваат граѓаните во безбедноста при отворањето на рудникот, во Богданци веќе поднеле неколку опомени пред тужба, како што известуваат во медиумите, до активисти на иницијативата „Спас за Богданци“.

ЦИВИЛ - Центар за слобода беше единствената невладина организација на национално ниво која го набљудуваше референдумот  во Богданци, каде нотираше помал број нерегуларности, меѓу кои, недоволна обученост на  дел од членовите на избирачките одбори, а над 10 граѓанки и граѓани не можеле да го остварат своето право на глас, затоа што ги немало на Избирачкиот список.

Green CIVIL

FREE
VIEW