Трајков: Текстилците работат прекувремено, без надоместок!

„Текстилците и работниците во кожарската индустрија во Македонија се максимално експлоатирани од работодавците. Работат прекувремено, а не добиваат пари за тоа, имаат право на само четири дена годишен одмор, а го добиваат во август, за да се поврзе со празниците“, посочи Горан Трајков, од Здружението на текстилни и кожарски работници „Тивкото мнозинство – Гласно!“ од Штип, на конференцијата „Општество без граници“ што во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, се одржа во вторникот во хотелот „Сити парк“ во Скопје.

„Работниците немаат можност за достап до институциите, затоа што се најчесто до 17 часот на работа. Ја поздравувам мерката да се воведат втори смени, за да може овие работници да не излегуваат од работа, а притоа да бидат казнети. Зашто, дневницата им е од 270 до 400 денари, а казната за недоаѓање на работа или за напуштање на работното место изнесува 1.500 денари“, вели Трајков.

Од друга страна, Трајков го лоцираше повторно проблемот на масовно иселување на младите, токму поради ваквите тешки услови за работа.

„Ништо нема само од себе да се реши, доколку сите заедно не седнеме да разговараме и да понудиме решение“, апелираше Траков.

„Гласно“ е иницијатор - минималната плата во текстилната и кожарската индустрија да се изедначи со минималната плата во другите стопански гранки.

 

Камера: Дехран Муратов и Атанас Петровски

Монтажа: Ермин Климента

[divide]

Изјавата/излагањето е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Green CIVIL

FREE
VIEW