„Откако станав пратеник, се трудам да се сеќавам на местата од каде што доаѓам, а изворот за мене беше Студентски пленум. Тоа што ми остави впечаток при поканата за оваа конференција, се воведните зборови: граѓанско учество, социјална правда и одржливо општество… Нешто што се чини дека изминатите години го немавме“, вака го започна своето излагање активистиката и пратеничка Ивана Туфегџиќ, една од панелистките на конференцијата „Општество без граници“, во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода.
Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента