Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Уште еден граѓански активист во составот на новата Влада

28/06/2017
in АКТУЕЛНО
Уште еден граѓански активист во составот на новата Влада
Share on FacebookShare on Twitter

Соочувањето со еден дологогодишен политички систем на владеење во Македонија, што ги задуши вистинските вредности на земјата, преку „реформи“ кои доведоа до катастрофални состојби во здравството, образованието, економијата, социјалата, што предизвика енормна стапка на сиромаштија, иселување на младите, не почитување на работничките права и експлоатирање на работната сила, бараше голема храброст од оние кои се дрзнаа гласно да приговаарат и да бараат промени од претставниците на граѓанското општество

Новата Влада, предводена од СДСМ, извојува битка со силен „ветер во грб“, огромна поддршка на граѓанското општество, во насока на остварување на оние цели и промени за подобрување на оппштествената, политичката и социјалната состојба што се заеднички за сите граѓанки и граѓани во Македонија. Сега се поставува прашањето колку преминот на граѓанските активисти во новата Влада е поттикнат од нивното убедување дека на политичката сцена ќе придонесат со нови и свежи идеи за успешно реализирање на долгопосакуваните промени, а колку одлуката лежи токму во новото раководство на извршната власт – дека за исполнување на предизборните ветувања им требаат луѓе кои работите ги гледаат од поинаков агол.

По влегувањето на Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ во парламентот и по Бранимир Јовановиќ, Бојан Маричиќ, Петрит Сарачини, влезот во политика, на својот Фејсбук профил, го најави и Марјан Забрчанец.

„Ќе се вложам со цел свој капацитет, новата Влада на Република Македонија да ја оправда својата позиција како отворена, реформска и отчетна, а во исто време, гласот на граѓаните да биде слушнат, разбран и испочитуван. За овие вредности се боревме, за тоа и ќе продолжиме да дејствуваме заедно со целиот тим, преку министерствата и институциите, во соработка со сите демократски општествени чинители… Останувам искрен соработник и силен поддржувач на граѓанскиот сектор, со цел Македонија да стане едно, единствено, демократско и правично општество за сите граѓани“, вели Забрчанец, најавувајќи ја својата позиција – советник за комуникации и односи со јавност на премиерот на Република Македонија.

Останува надежта дека вербата во активистите стекната за време на протестите, на улица, ќе се докаже и зголеми и на новите политички позиции.

Б. Ј.

 

Tags: Владаграѓански активистиМарјан Забрчанецполитика
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW