По повод најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“ денеска во Скопје ќе бидат презентирани 80 локации кои оваа година ќе потонат во мрак и ќе ги исклучат светилките во период од еден час низ целата Република.
На прес-конференцијата по овој повод ќе се обратат преставници од канцеларијата на „Часот на планетата Земја“ во Македонија, преставник од Црвен крст на Република Македонија и претставник од ЕВН Македонија.
извор: МИА