Еко-маскенбал во ОУ „Јан Амос Коменски”

Во основното училиште „Јан Амос Коменски” денеска ќе се одржи Еко-маскенбал, во организација на Општина Карпош и колективниот постапувач „Нула Отпад”.

Заинтересираните ученици од сите основни училишта од Карпош ќе може да се претстават со маска изработена од е - отпад во која е вклучен стар и неисправен електронски и електричен уред.

Целта на настанот е да се подигне јавната свест кај најмладите, за правилно искористување на отпадот и негова селекција.

За најдобрите три маски „Нула Отпад” обезбеди награди: мобилен телефон, паметен часовник и слушалки.


извор: МИА

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW