На Охрид му престои голема Еко акција за чистење на градот „Мој Охрид, чист Охрид“ во иницијатива на Супер Радио, асо поддршка на локалнатасамоуправа, бизнис секторот, охридските медиуми, екополошките и спортските друштва од Охрид.
Организаторите ги дефинирале реоните за чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона што ќе се одржи на 9 јуни.
„Основната идеја е да се анимираат граѓаните на Охрид, посебно учениците од сите основни и средни училишта во градот за чистење на централниот дел од градот. Особен акцент ќе им се даде на плажите, каде е најголемата фреквенција на туристи во пресрет на главната туристичка сезона. Огромно е задоволството за нас што не наидовме на затворена врата секаде каде се обративме за поддршка на акцијата. Спортски, еко друштва, студенти, средношколци се нашите партнери во акцијата. Она што е особено важно е што акцијата би сакале да ја прифатат сите и во сабота да дојдат на една прошетка по плажите со семејството и сите заедно да помогнеме и со дружба да направиме Охрид да блесне во целата своја убавина пред оваа туристичка сезона“, велат од Супер радио.
Организаторите додаваат декаво акцијата активно ќе се вклучат и нуркачите од клубот за подводни активности „Охрид“, кои ќе го чистат дното на Охридското Езеро на потегот пред селото Пештани.
Б.Ј.