Во Струмица поставени контејнери за селекција на стакло

ЈПКД „Комуналец“ од Струмица во соработка со компанијата „Пакомак“ постави нови контејнери за селекција на стакло на повеќе локации во градот.

Од Комуналното претпријатие информираат дека се поставени 20 контејнери за примарна селекција на стаклен отпад.

Контејнерите се со капацитет од 1,5 кубни метри и се наменети исклучиво за собирање на стакло. (MИА)

Green CIVIL

FREE
VIEW