ЦИВИЛ организираше работилница „Каква Македонија сакам?“, како дел од проектот „Акција-Интеграција“, во Велес на која присуствуваа градоначалникот на општината, Аце Коцевски, претставници на граѓанското општество и на политичките партии.
Синиша Станковиќ, претставникот на ЦИВИЛ, на почетокот на работилницата ги презентираше целите и активностите коишто се дел од проектот „Акција – Интеграција, но и ги поттикна учесниците да дискутираат за актуелните општествено-политички случувања низ призма на еворпските вредности и зелените иницијативи.
Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, се фокусираше на можностите што тој ги има во придонесот Општина Велес да ги промовира и практикува овие вредности, но и да им одговори на барањата на граѓаните.
Двочасовната работилница, како дел од проектот „Акција-Интеграција“, ЦИВИЛ ја спроведе во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.
Биљана Јордановска