Градоначалникот на Општина Охрид организира јавна расправа на 25 јули за во малата сала на Општина Охрид, со почеток во 10 часот за Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за УПВНМ за дел од ТК Горица, кој веќе е ставен на јавен увид за граѓаните.
Како што известуваат од Општина Охрид правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена, како и да учествуваат на јавната расправа.
Иницијативата Еко став од Охрид реагираа не само на нацрт стратегијата, туку и на терминот што е предвиден за јавна расправа.
На својот Фејсбук профил тие реагираа со коментар дека урбанизирање на нов Туристички комплекс Горица само ќе придонесе за уште бетон во Охрид, на сметка на природата. Тие реагираат дека и датумот за јавна расправа е дискутабилен. 25 јули, кога луѓето се по одмори.