Максути: Југохром мора да прифати дека се најголем загадувач во Тетово

Мерита Максути, архитектка и активистка на Еко Герила во разговор со ЦИВИЛ Медиа, истакна дека прашањето за Југохром допрва ќе се решава, а тие нема да отстапат од нивните барања. На тврдењата на синдикатот на Југохром дека тие не се најголемиот загадува, Максути одговори дека со тоа само го потврдуваат фактот дека се и за тоа има релевантни докази.

„Сосема е неприфатливо по 5 години убедување дека ги поставуваат филтрите или ќе ги постават филтрите  е несериозно од еден синдикат, инструментализиран од менаџментот на Југохром, да дава несериозни тврдења... Во однос на податоците можеме да ги споредиме... Од 2012 до 2015 кога Југохром работеше со полна пареа се следеа ПМ10 честичките колку беа на годишно ниво... Тетово како најзагаден град во периодот падна на седмо место по загаденост во Македонија... Југохром мора да прифати дека се најголем загадувач. И ќе ги потсетам дека сами потпишале оперативен план со Министерството за животна средина и просторно планирање, каде точно кажуваат колку тони прашина произведуваат дневно“, изјави Максути.

За конкретните понатамошни чекори на Еко Герила за решавање на овој проблем, Максути рече дека ќе продолжат да бидат укажувачи независно дали се работи за Југохром, депонии или друг проблем што е илегален и не е во рамките на законот и ќе инсистираат до крај да се почитуваат конвенциите што се потпишани со ЕУ што е значајно и за самиот влез на Македонија. Максути додаде дека ќе останат конзистентни на нивната цел.

„Мислам дека најголемиот успех ни е подигање на свеста и менување на секојдневните теми во теми што се од интерес на граѓаните во едно здраво и отворено општество“, изјави Максути.

Во однос на поддршката на прашањата со кои се занимава Еко Герила тоа порача дека истражувачкото новинарство е многу значајно и ќе помогне во лоцирање на најзначајните точки, како што е Југохром, да се истражат и понатаму да се преземе нешто.

„Нашата цел е да ги информираме и едуцираме граѓаните до ниво да можат и да реагираат... Институциите,пак,  мора да го почитуваат законот и тоа би било доволно. Во Македонија имаме добри закони, но нивното имплементирање е катастрофално“, рече Максути.

Во однос на медиумите и нивната улога во покривање на еколошки теми, Максути е задоволна и гледа напредок, затоа што, како што вели, без нив не би биле на она ниво на кое што се., а нивната улога е навистина битна за подигање на јавната свест.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian English

Green CIVIL

FREE
VIEW