Иницјативата Го сакам Водно повикува во одбрана на Водно во недела, 10:30 часот, на самиот врв со пораката: Не низ Водно, за зачувување на неговото богатство.

Со музика и активности што ќе порачаат Водно без понатамошни минирања, копања, механизации, сечење на шумата, уништување на бројни живеалишта, иницијаторите порачуваат доволно е да се поведе пријател и да се придуружите на прошетката по сртот на Водно да местото каде се стационирани багерите. Водачите детално ќе укажат на убавините на пределот и зошто е битно тој да се сочува.

Причината за оваа и многуте претходни акции на иницијативата е да се спречи изградбата на гасоводот што треба да помине низ Водно, а попатно да уништи и добар дел од природата.

Б. Ј.

Green CIVIL

FREE
VIEW