Екипата на ЦИВИЛ денес беше во општините Радовиш, Василево и Струмица, продолжувајќи со проектот „Акција – Интеграција“, посветен на граѓанското учество во процесот на спроведување на демократските реформи, на зелените иницијативи и на усвојувањето на европските вредности во Република Македонија.
Граѓанките и граѓаните на Радовиш, Василево и Струмица имаа можност на инфо-штандовите да се запознаат со проектот на ЦИВИЛ и да ги искажат своите мислења, ставови и идеи за тоа како активно да се вклучат во процесот на донесување на одлуки на локалнио и на централно ниво, преку испраќање на пораки до локалната и до централната власт за темите од областа на социјалната правда, европските вредности и зелените иницијативи.
ЦИВИЛ го спроведува проектот Акција – Интеграција во партнерство со Фондацијата „Хајнрих Бел“ од Германија.