Глобалниот предизвик за почист свет „Ice Bottle Challenge“ во Македонија официјално започна во Прилеп, како дел од манифестациите по повод празникот 11 Октомври.
Предизвикот е да се сврти пластично шише и да се испрати порака за почист свет кој понатаму ќе глобално ќе се рашири.
Предизвикот со првото свртено пластично шише го започна Влатко Наумовски, претседател на здружението „Bottle Recycle“.
.„Со првото свртено шише за почист свет официјално ќе го означиме почетокот на оваа глобална еко револуција, исто како што на 11 октомври 1941 година пукнала првата пушка во Прилеп за тогашната револуција… Продолжуваме на 3 ноември во 11 часот каде ќе поделиме 1.000 шишиња вода „Изворска“ со што официјално ќе го почнеме турнирот. Шампионот ќе биде награден со шише од 14 каратно злато.
Секој заинтересиран може да се пријави на официјалната веб страница www.IceBottleChallenge.org