Општина Аеродром за денеска најави вонредна седница на Советот на Општината, со почеток во 16:30 часот. Седницата доаѓа по изјавата на градоначалникот Златко Марин, по протестите на жителите на Аеродром за спорниот ДУП И10.
На вонредната седница советниците ќе се обидат да најдат трајно решение за спречување на градбата пред Мајчин дом.
Во средата на прес конференција, Марин изјави дека 15 дена ќе се стопираат градежните активности и дека се надева на решение во интерес на граѓанките и граѓаните.
Што се однесува до жителите на Аеродром, што два дена протестираа пред Мајчин дом, тие не се откажуваат и се надеваат дека градоначалникот ќе ги исполни предизборните ветувања.
На седницата се поканети сите засегнати страни, граѓанките и граѓаните, граѓанските организации, но со регистрација на следниот линк: https://s.surveyplanet.com/xZzk6w0_j3.