Во саботата се протестираше и во Куманово против аерозагадувањето. Околу стотина кумановци се собраа на градскиот плоштад и упатија барања до општината.
Кумановчани побараа промена на сообраќајниот режим во градот, зголемен инспекциски надзор и примена на законските прописи за заштитата на животната средина, а апелираа и до несовените граѓани да не палат смет и гуми и дополнително да го загадуваат воздухот.
Сите барања ќе бидат предадени на градоначалникот, а протестите ќе продолжат доколку не се преземе нешто за надминување на проблемот.
Општина Куманово, пак, поради аерозагадувањето минатата недела започна со метода на аеросолизација, миење на улиците во ноќните часови и зајакнати конторли на терен за казнување на загадувачите и засади 150 садници во две населби.
Б. Ј.