О2 Иницијативата бара вклучување средства за справување со загадувањето во буџетот за 2019

О2 Иницијативата по вчерашната презентација на предлог-буџетот на РМ за 2019 година денеска изрази незадоволство затоа што на на ниту едно место не ја спомнува заштитата на животната средина и намалување на загадувањето. 

Комплетниот дебакл што оваа Влада го доживеа во однос на справување со загадувањето и заштита на природата, овој предлог-буџет само го констатира. После година и пол од формирање, две години од изборите, оваа Влада комплетно потфрли и не го спроведе она што го вети во областа на животна средина“, велат од О2 Иницијативата.

Тие потсетуваат дека како итни реформски приоритети во првите 6 месеци, требало  да се воспостави Фонд за животна средина, во кој директно ќе се слеваат средствата добиени од такси за животна средина. Секој таков денар требал да се намени исклучиво за проекти за подобрување на квалитетот на животната средина.

Не само што не се оствари ова ни после година и пол, туку со минатонеделниот ребаланс на буџетот за 2018 се скратија над 2 милиони евра за заштита на животна средина. А се гушиме во загадување, мониторинг станици не работат, инспектори нема доволно, нема опрема за мерење, нема акредитирани лаборатории, нема доволно и адекватни субвенции за премин на домаќинствата во загревање кое нема да загадува, нема соодветен јавен транспорт што би ја намалил употребата на возила, законите стојат во место, правилници и уредби не се носат, .... и ова е само во областа на аерозагадувањето. Тонеме“, се вели во нивното соопштение. 

О2 Иницијативата итно бара промена на буџетот за 2019 година, во Владината програма - Унапредување на животната средина да внесете посебна потпрограма - Справување со аерозагадувањето и најголем дел од средствата од собраните даноци поврзани со животната средина да ги намените за најгорливото прашање, аерозагадувањето.

„Во спротивно бараме да си поднесете оставка и да оставите простор најгорливиот проблем на граѓаните, заштитата на нивниот живот и здравје, да го оставите на некој друг, кој искрено ќе се грижи за тоа“, велат активистите.

Од друга страна, СДСМ излезе со соопштение дека мерките со еколошки налепници за возилата, субвенцијата при купување на возило на електричен погон, субвенционирање на трошоците за вградување на уред за погон на ТНГ се само дел од мерките со кои ќе се пристапи со цел решавање на зголеменото загадување предизвикано од сообраќајот во урбаните средини.

Од партијата на власт велат дека тие барем нешто преземаат наспроти ВМРО -ДПМНЕ кои 11 години систематски го уништија на зеленилото и потрошија стотици милиони евра за барок, фасади, споменици и жални врби што резултираше Скопје со години да биде еден од најзагадените градови во светот.

Б. Јордановска

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW