На вчерашниот протест за чист воздух што се одржа пред просториите на Град Скопје беа путани предизборните ветувања на градоначалникот Петре Шилегов за прочистувањето на воздухот како и на другите сегашни функционери што ветуваа спречување на градење на Водно и проектот за гасоводот.
Јована Мојсовска една од говорниците рече дека 4 луѓе умират дневно од загадениот воздух и дека од буџетот Владата двои помалку пари за здравјето на граѓаните отколку за мебел.
По фијаското со плацот во Мајчин Дом и ДУП – овите во Карпош бараме градоначалниците конечно да почнат да работат за интересите на граѓаните од кои собираат даноци, а не за корумпирани бизнис моќници кои во природата и во луѓето гледаат само потенцијал за акумулација на профит. Повикувањето на правни пречки за укинување на спорните градежни проекти од партии за кои со децении главно обележје на владеење е деградирање на правото и законите или да бегаат од одговорност дека премногу било скапо поништувањето на договорите,небаре нашите животи имаат цена, претставува потценување на разумот и свеста на обичниот граѓанин“, изјави Мојсовска.
Таа истакна дека проблемот со загадениот воздух бара сеопфатен, мултисекторски пристап со координирано работење на сите државни институции.
Критика беше упатена и до заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули кој изјави дека конечно загадениот воздух е стратешки приоритет со средства 1 и пол милион евра.
„Со износ кој е половина од износот издвоен за нивниот мебел, нашата влада решително ќе се справува со проблем кој убива четири животи дневно. И од ова е евидентен факт дека за нашите претставници поважна е нивната комоција отколку човековиот живот. Нашиот живот тие го вреднуваат поевтино од нивниот мебел“, изјави Мојсовска.
В. М.