Велес во битка за заштита на животната средина

Компанијата „Технопавер-Каменолом Превалец“ од Велес од Општината побарала добивање А интегрегирана еколошка дозвола, што ја поттикна самата Општина да покрене јавна расправа.

На расправата присуствуваа градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, претставници на Министерството за животна средина, претставник на инвеститорот, здруженија на граѓани, медиуми и жители на населбите „Тунел“ и „Превалец“.

Претставник од  консултантската куќа која го подготви барањето на компанијата ги презентираше активностите што ќе ги преземе „Технопавер“ за да ја добие А интегрираната дозвола.

Градоначалникот Коцевски побара итно запирање на работата на компанијата сè до издавање на дозволата. Во спротивно заедно со граѓаните на Велес ќе застане на чело на протести што со жив штит ќе се организираат околу фабриката. Оваа реакција на Коцевски беше одговор на бавноста на надлежните институции кои дозволиле противзаконски со одземена дозвола, компанијата да продолжи да работи од јуни па до денес.

Присутните на расправата реагираа на минирањето што се случило на 29 октомври годинава, на прашината која се шири во околината и им влегува во домовите и загадувањето на реката Тополка.

Граѓаните истакнаа дека немаат доверба ниту во компанијата ниту во надлежните институции затоа што очигледно е дека институциите  и во моментов толерираат противзаконско загадување на животната средина и работење на компанија која нема дозвола за тоа.

Општина Велес вети дека ќе ги преземе сите правни механизми за да ја спречи работата на компанијата, а своите забелешки околу барањето и постапката за издавање на дозволата ќе ги упати до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Д. Р. 

Green CIVIL

FREE
VIEW