Холандската влада неодамна објави дека ќе инвестира 345 милиони евра во инфраструктура за возење велосипед со цел повеќе од 200.000 луѓе да патуваат со велосипед за период од три години.
Петнаесет патеки ќе бидат развиени во “велосипедски автопати” (автопати кои ќе ги задоволат оние на велосипеди), ќе се креираат 25.000 места за паркирање на велосипед и повеќе од 60 објекти за складирање на велосипеди ќе бидат надградени, извести холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство.
Со 17 милиони жители и 23 милиони велосипеди, Холандија веќе има повеќе велосипеди отколку жители. Во 2016 година, повеќе од една четвртина од сите патувања направени на холандски жители биле со велосипед, според Холандскиот институт за анализа на транспортната политика.
Но, само 25% од овие патувања биле поврзани со работа, во споредба со 37% кои биле направени за одмор. Останатите користеле велосипед за училиште, шопинг или други активности.
Холандија во моментов ги наградува велосипедистите со даночни кредити од 0,19 евра по километар. Сепак, овој проект во моментов е малку познат и не е поддржан од многу работодавачи, според Министерството за инфраструктура. Тоа е нешто што холандската владата се надева дека ќе се промени со подобро промовирање и добивање на повеќе компании на нивна страна
Во Холандија веќе има 11 големи работодавци кои се залагаат за мерки како што се финансирање на велосипеди на вработените. Владата ги повика работодавците да обезбедат подобри услови за возење на велосипедистите, како што се тушеви во канцеларијата, изјавува министерството.
Новите патишта за возење велосипед вклучуваат еден од Амстердам и Амстелвеен, предградие на главниот град. Друг го поврзува северниот универзитетски град Гронинген со Асен, град лоциран во Дренте, познат како “провинција за велосипедизам” од Холандија.
Изградбата ќе започне во наредните три години.