Блокада на Дрисла

“Движење за чист воздух“ денеска во 12:05 пред вратата на  „Дрисла“, ќе одржи 15 минутна блокада. Како што велат од движењето „Дрисла“ е потенцијално најголемиот емитер на диоксин и фурани. Нивните брања се да се промени правилникот за извршување инспекциски надзор, усогласувајќи го со ЕУ нормативи (диоксини, формалдехиди, фурани), во најбрз можен рок да се донесат правилници за индустриски емисии и воведување најдобри производствени пракси за тој сектор, како и раскинување на договорот со италијанската фирма-концесионер, поради неисполнување ништо од договореното.

Надлежните имаат рок од 15 дена за исполнување на овие барања, велат од движењето, во спротивно следниот чекор е блокирање на Град Скопје и поднесување на тужба.

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian

Green CIVIL

FREE
VIEW