Минатата недела беше објавена Резолуцијата за Новиот Зелен Договор (New Green Deal) во која е наведен планот за неутрализирање на јаглеродот во САД до 2030, подобрување на ефикасноста и одржливоста на националната инфраструктура и приватните бизниси и креирање на „милиони“ работни места во процесот.
Самиот договор се чита како прогресивен манифест што вклучува поддршка на највисоките прогресивни прашања, како што е планот за здравствена заштита и гаранција за работа на сите граѓани во Америка. Самиот договор не е нацрт –закон, но како проект ќе понуди посебни детали за масовна реконструкција на инфраструктурата и производството.
Една од целите поставени во Зелениот нов договор е “надградба на сите постоечки објекти во САД и изградба на нови згради за да се постигне максимална енергетска ефикасност”, проект за кој ќе се потребни огромни суми пари и работна сила.
Резолуцијата повикува на масовни инвестиции во справувањето со проблемот на климатските промени за да одговара на обемот на уништување на животната средина предизвикан од суша, пожари и зголемено ниво на водите, ако САД и другите нации не го намалат нивото на јаглеродни емисии.
Зелениот нов договор е една од неколкуте предложени програми за економски стимулации во САД кои имаат за цел да се справат со економската нееднаквост и климатските промени. Се работи за комбинација на социјални и економски реформи и проекти за јавни работи преземени од претседателот Френклин Д. Рузвелт како одговор на Големата депресија. Поддржувачите на Зелениот нов договор се залагаат за комбинација на економскиот пристап на Рузвелт со современи идеи како што се обновлива енергија и ефикасност на ресурсите. Еден мал пример за политика од типот “зелен нов договор” се даночните олеснувања за соларни панели спроведени во САД во 2008 година.