Заев ветува дека одлуката за Иловица ќе се донесе заеднички со граѓаните

Жителите на Бислово и Ново Село на денешната средба со премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектиши порачаа дека рудникот Иловица не смее под никакви услови да проработи. 

Еден од главните аргуменити што граѓаните го посочија беше земјоделскиот крај, предвиден за изградба на раудникот, од каде зеленчукот се извезува во регионот. Заев и Бектеши беа прашани како ќе им ја гарантираат безбедноста на жителите доколку се изгради рудникот, како ќе се регулираат подземните води, дали воопшто ќе имаат слух за нивните барања, ако струмичкиот регион веќе се бори со загадениот воздух не мислат ли дека таа борба ќе биде уште поголема со работата на рудникот.

Премиерот Заев посочи дека при носењето на одлуките се води сметка за здравјето на граѓаните и тоа е првиот приоритет од којшто нема да има отстапки и дека на оваа информативна средба нема да се носат одлуки туку ќе се слушнат дилемите, размислувањата и ќе се споделат фактите и аргументите.

„.Кога се дигнаа граѓаните јас како политичар јавно реков, „стојам на страна на граѓаните, ваква работа ние нема да дозволиме, цијанид, сулфурни киселини, нема да дозволиме. Дали е кредибилен мојот збор зборува фактот што јас со моето семејство живеам во оваа струмичката котлина. Со моите граѓани од Муртино и Струмица живееме во истата струмичка котлина. Имам намера тука да живеам и тука од деца внуци да чекам. Нема да дозволам ниту моите деца, ниту кои било деца да патат и да имаат проблеми. После ваквата одлука се промени целиот технолошки процес. Отстранет е целиот технолошки процес на обработка со цијанид. Парламентот донесе и закон поттикнат токму од граѓаните“ рече премиерот Заев.

Министерот за економија Бектеши, под чија надлежност се минералните суровини го објасни процесот на доделување
на концесија кој се состои од неколку фази. Тој, исто така, истакна дека  министерството дало нов предлог до сите концесионери,
според новиот тарифник и висината на надоместоците што тие ги плаќаат за експлоатираната руда, згоемеи за  75%.

„Ова го правиме за општо добро на граѓаните, а големите профити компаниите треба да ги споделат заедно вас граѓаните, со вас општините“, изјаив Бектеши.

Сепак, оваа информативна средба сè уте не решава ништо, туку уште повеќе го прави незивесен целиот случај со Иловица. Заев им вети на граѓаните дека одлуката за рудникот ќе ја донесат заеднички.

Б. Ј.

 

 

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW