Еколошките здруженија „Вила Зора“ од Велес и „Еко Герила“ од Тетово во заедничка соработка ќе ги презентираат резултатите и анализите од загадувањето на почвата во Полошкиот регион и други делови од државата.
Настанот ќе се одржи утре во 12 часот, во просториите на ЈИЕ, односно салата за конференции на Факултет за Бизнис и Економија.
Настанот е дел од проектот “Да ја заштитиме почвата од загадување” во чии раки ќе се направат анализи на почвата, на зеленчукот и овошјето за загадување со тешки метали, во Велес, Скопје, Тетово и Кавадарци. Во рамките на проектот е и изработка на стратегијата за деконтаминација на загадената почва во Велес. Се очекува оваа Стратегија да биде усвоена како официјален документ на Општина Велес, која ќе се користи како модел кој може да се повтори во другите 3 општини, каде што проектот ќе даде препораки кои ќе бидат презентирани на секој општински совет.
Целта на проектот е да се едуцираат и да им помогнат на земјоделците да ја деконтаминираат својата почва и институционализација на овој еколошки проблем преку стратешки документ. Поректот е поддржан од програмата на УСАИД за граѓанско учество.
Б. Ј.