Education Blog
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Охрид СОС: Никому не му е гајле за природното наследство

28/03/2019
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Охрид СОС: Никому не му е гајле за природното наследство
Share on FacebookShare on Twitter

Охрид СОС ја обвинува Општината за недоволна транспарентност и недоволно работење на Советот во име на жителите на Охрид.

Тие велат дека ниеден документ, за ниедна седница, не е јавно достапен на увид, барем седум дена пред седницата, на интернет страницата на општината, и дека тие самите мораат да пребаруваат низ системот на Агенцијата за катастар за да видат за што се работи и кои парцели се предложени за легализација на следната дваесет и шеста седница.

„Во продолжение, ставаме на увид за што ќе гласаат меѓу другото, односно што треба да легализираат, советниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Во описот на секоја слика е наведено под која точка е на дневен ред и за која локација, односно катастарска парцела се работи. Зачудува како земјиште во сопственост на Република Македонија, во Трпејца, кај авто-кампот „Андон Дуков“, во Велестово и на други локации каде нема изградени објекти се става во ваква категорија „вклопување на бесправно изградени објекти“, а уште повеќе, некои од катастарските парцели се наоѓаат на самиот брег на Охридското Езеро, на атрактивна местоположба. Се сеќаваме на повлечената точка од дневен ред за месноста Градиште, каде се подготвуваше слична операција, имајќи предвид, дополнително, дека тука сè уште не е завршен процесот на денационализација“, велат од Охрид СОС.

Од организацијата го поставуваат прашањето дали можеби палењето на трска кај специјалната болница „Свети Еразмо“ беше на некоја од овие парцели кои се на дневен ред?

„Се сомневаме во сè. Ниеден советник, службено лице, носител на јавна функција не нè убедил во спротивното. Со ниедно дело, постапка. Сите овие материјали ќе се достават како анекс на деталниот извештај испратен неодамна до неколку меѓународни институции, меѓу кои и УНЕСКО. Никому не му е гајле за природното наследство, за ова непроценливо богатство. Сите се лицемери, чекаат прилика да материјализираат одреден простор, да остварат профит“, велат од Охрид СОС.

„Бараме отфрлање на точките и запирање на легализацијата. До септември минатата година требаше да се направи инвентар на сите нелегални градби и да се поднесе до УНЕСКО, да се изработи СОЖС за кумулативните влијанија. Ништо да не се чепка (освен рушење) додека не се изработи Планот за управување со охридскиот регион. Наместо тоа, приоритетите на локалнта самоуправа (како да) се поинакви.

А. П.
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW