Земи здив - платформа што ќе ги мапира загадувачите во Битола

Според првиот месечен Извештај за квалитетот на воздухот на новоформираната платформа „Земи здив“, покажале дека половина од деновите биле со загадување над дозволените концентрации.

„Земи здив“ е формирана од пет граѓански здруженија од Битола за следење на амбиенталниот воздух и поставија се седум сертифицирани мерни станици кои се набавени од независната глобална светска мрежа AIRLY и се референтни уреди. Тие мерат ПМ10, ПМ 2,5 и ПМ 1 честички. Податоците се прикажуваат во реално време, а вредностите се ажурираат на секои 3 минути. Нивната заложба е инсталирање на дополнителни 13 сензори кои со постоечките 7 ќе генерираат точни интерполирани мерења и податоци за секој дел од Битола.

Податоците од ваквата мрежа ќе помогнат во идентификација и мапирање на загадувачите и ќе бидат основа за доставување на поднесоци до институциите кои ќе се базираат на докажливи податоци од мрежата. Анализата на податоците од мрежата ќе овозможи изработка на месечни и квартални Извештаи за квалитетот на воздухот, врз база на кои ќе се предлагаат конкретни мерки и ќе се следат ефектите од спроведувањето на тие мерки. Сето ова, заедно со користењето на алгоритмите за прогноза на аерозагадувањето, ќе помогне во изнаоѓањето на соодветни решенија кои треба да се применуваат при креирањето на политиките во борбата со загадаувачите и последиците од загадениот воздух . Податоците генерирани преку мрежата се од јавен карактер и ќе им бидат достапни и на овластените субјекти кои располагаат со овластувањата да превземат соодветни мерки.

„Реалноста е дека во секое второ семејство има по еден заболен од канцер или некој близок роднина. Во Битола во 2016 година се лекувале 2044 битолчани од кои пет деца меѓу три и шест години, шест деца меѓу 7 до 9 години и четири од 10 до 14 години и два тинејџери од 15 до 19 години и 18 млади од 20 до 24 години. Немаме бројки за 2017 и 2018, но нашето здружение секој втор ден е контактирано од страна на новодијагностициран заболен од малигно заболување или пак некој кој го повторила болеста или се соочил со неа“, изјави Андријана Митревска од Здружението на граѓани за советување на поддршка на лица со карцином и лица кои се излечиле „Јасмин“ од Битола на вчерашната промоција на Платформата.

Граѓанските организации Центар за европски развој и интеграција, Сфера Македонија, Геосфера, Јасмин и Младинската асоцијација Имка, како основачи на Платформата „Земи здив“ заедно со здруженијата кои ќе и се приклучат на оваа Платформа ќе се грижат за одржување, развој и проширување на мрежата.

Б. Ј.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW