Макрадули, Шекеринска и Шилегов во акција против аерозагадување

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска ќе учествуваат во Акцијата против аерозагадувањето која ќе се одржи во Скопје, а ќе се спроведе и на локации во Тетово и Кичево

Предвидените активности во Скопје ќе почнат во 10:00 часот, во близина на Воениот стадион, со садење садници од страна на припадници на Армијата, додека во 11:00 часот во акцијата ќе се приклучат заменик министерот Макрадули, министерката Шекеринска и градоначалникот Шилегов.

Акцијата против аерозагадувањето е во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW